АктуелноЛокално

Колемишевски додека сади дрва ги застапува Еуромакс против активистите од Здрава Котлина

Откако заменик-министерот за економија вчера на својот фејсбук профил објави дека се откажал од патните трошоци за да засади три дрва и ги предизвика фунцкионерите од владата да го направат истото, од политичката партија Левица реагираа дека токму фирмата на Колемишевски била застапник на Еуромакс против активистите од „Здрава Котлина”.

„Лицемерието и неспособноста на оваа власт во спрега со олигархијата која профитира од загаденоста на воздухот е експлицитно видлива во случајот со заменик-министерот за економија, Кирил Колемишевски. Додека Колемишевски, како член на влада која не успеа да исполни ниту една мерка од Планот за чист воздух, со лош ПР ја замајува јавноста со маргинални решенија наместо системски пристап (како садење три дрва), неговата фирма се јавува како застапник во тужбите на Еуромакс против активистите кои доследно се бореа за затворање на рудникот Иловица-Штука.

Оваа влада на СДСМ без никаква визија, ниту реализација на ветеното намалување на загадувањето на воздухот за 50 проценти, единствено се занимава со шарлатанство и евтин ПР додека штити озлогласени корпорации и нивните екоцидни проекти!” – се наведува во реакцијата на политичката партија Левица.

Лицемерието и неспособноста на оваа власт во спрега со олигархијата која профитира од загаденоста на воздухот е…

Публикувахте от Левица – Зелен сектор в Понеделник, 30 септември 2019 г.