„Forest Gathering 2019″ во Кочани оваа сабота
Организацијата „НЛО Џедајска” оваа сабота во Кочани организира музички настан, каде главна атракција ќе бидат Блисаргон Демогоргон и Омниум со настапи во живо. Оваа организација се занимава со организирање културни настани во Кочани, при што овој музички настан се одржува веќе трета година по ред, каде учествуваат македонски автори и ди-џеи од авангардната електронска сцена. Настанот намерно се одржува во деновите околу Денот на независноста (оваа година 7-ми септември) за да ги потсети луѓето колку и дали се независни .
„НЛО џедајска” досега има организирано бројни настани во Кочани како што се “Кочански андерграунд фестивал”, концерти на македонски бендови – метал, прогресив рок, панк, хип хоп, проекции на независни филмови и документарни филмови.
На овој линк можете да погледнете повеќе информации за настанот.