Васко Атанасоски: Движечка сила на албумот беше револтот против власта

Денс-пост-панкерите „Bernays Propaganda“ продолжија да продолжуваат. Составот што над една деценија со својата музика „рока“ на свирки низ домашната, регионална и светска андерграунд сцена, инфицирајќи неколку генерации музички бунтовници, сега го издаде својот петти албум „Втора младост, трета светска војна“.

Во 2015 пред аудиториумот се реинкарнираа со свеж алтернативен њу-вејв, поелектронски пост-панкерски звук, но активистичкиот белег и ангажираните тематики останаа „зацементирани“ во музичкиот полет на „Bernays Propaganda“. Тоа е и првата асоцијација за „Bernays“ – музика со „заби“ и социјален коментар, без разлика каде во моментот стилистички се наоѓа бендот.

„Bernays Propaganda“ на новото музичко парче се Кристина Горовска, Дени Крстев, Раде Јордановски, Кристијан Лафазановски и Васко Атанасовки, а токму со последниов од листава разговараше Радио МОФ.

Васко, во поглед на звукот, дали албумов продолжува онаму каде застана „Политика“?

Така викаат музичките критичари, а ние едноставно правиме музика која не’ предизвикува и ни се допаѓа.

Во инфото за албумот стои дека некои песни се „движејќи се по автопатот, сонце во очите“, други се утрински „feel-good jams, две се дури електронски теми што може да се пуштаат во техно клубови, a некои се карактеризираат со елементи од филмовите на Емир Кустурица. Од каде оваа мешавина, дали е тоа мешавина на емоции и искуства што „Bernays Propaganda“ ги живее секојдневно? Тоа ли беше движечка сила на албумот?

Ние сме биле отсекогаш група која сака да си игра со музичките стилови. Никогаш не сме робувале на имиџот кои самите сме го создале. Сакаме да газиме по непознат терен и да се чуствуваме слободни. Движечка сила на албумот беше револтот против власта!!!

Од каде насловот „Втора младост, трета светска војна“? 

Во време кога младите уште од основно школо се членови на партии и мижат пред сите гадотии кои се случуваат во општеството, наша граѓанска должност е да се бориме против државниот корумпиран систем, кој без наше прашање не’ втурнува во специјална војна која е невидлива за очите, но погубна за добриот живот и душата.

ретставува ли албумот протест против се’ она што ни се случува во општеството, бидејќи „Bernays Propaganda“ е позната дека критички ја опсервира целата политичко-општествена ситуација?

СДСМ-ДУИ-ДПМНЕ робовладетелски владее!!! Апсат деца за еден џоинт, а не премиери кои владеат криминално. Уште пожални се уметниците и таканаречените активисти кои последниве 2 години замолкнаа небаре некој ги плаќа да молчат. Жално.

Кои се главните проблеми што се соочуваат младите, па и постарите генерации во земјава и регионот, за кои вреди да се пишува, музицира и протестира?

Се’ уште сме слепото црево на Европа и тоа не по вина на граѓаните. Време е политичарите и бизнисмените да почнат да се плашат од народот. Во спротивно, проблемите само ќе се таложат и зголемуваат. Паднавме на дното, така да истекуваат последните секунди за да се исправиме и тргнеме нагоре и напред.

Треба ли младите во земјава да држат свој став и секогаш да се сомневаат во апсолутни авторитети, да бидат критични кон неправди, бунтовни, за да може со таква енергија да се родат промени и поздраво општество?

Младите треба да почнат да се споредуваат со своите врсници од светот и да се борат да ги имаат истите услови за живот и образование. Нашите деца не се поглупи од другите, баш напротив… нашите политичари се!!!

Младите треба да почнат да се споредуваат со своите врсници од светот и да се борат да ги имаат истите услови за живот и образование. Нашите деца не се поглупи од другите, баш напротив… нашите политичари се!!!

Околу соработките на албумот… Вклучени се џез гитаристот Тони Китановски, американскиот басист Мајк Ват, раперот Волк Македонски, електронскиот продуцент Стојче, потоа и Александар Ниниќ и  Вилијам Бараковски. Од каде се здруживте со оваа екипа? Убаво ли беше да се комбинираат разни музички идеи? 

Радост е да се соработува со пријателите-колеги. Имаме огромна почит и благодарност кон нив. Се сплотивме во борбата против силите на злото кои седат во парламентот и владата. Македонија е окупирана од 1995, а ние не мислиме да се предадеме на окупаторите.

Албумот излезе, што да очекува аудиториумот од „Bernays“ – промоција, настапи, свирки..?

Најбитно е дека песните можат да се слушаат. Полека, полека почнавме и со промоција во живо. Фала за можноста да и’ се обратиме на македонската јавност.

текстот е превземен од РадиоМОФ