Библиотека

124 години од смртта на Фридрих Енгелс

По повод 124 години од смртта на германскиот филозоф и марксист Фридрих Енгелс, објавуваме извадок од неговото дело „Anti-Dühring“. Ова дело можеби претставува најголем придонес на Енгелс во развојот на марксистичката мисла. Eugen Dühring во тој период креира сопствена верзија на социјализам, наменета како замена за марксизмот. Бидејќи Карл Маркс бил посветен на пишување на „Капиталот”, Енгелс се ангажирал да ја побие оваа теорија. Анализите објавени во оваа книга влијаеле и врз В. Илич Ленин при пишувањето на делото „Материјализам и емпирио-критицизам”

Во ова дело, Енгелс ја артикулира една од класичните дефиниции на поимот Политичка економија: „Политичката економија, во најширока смисла, е наука на законите кои го регулираат производството и размената на материјалните средства за егзистенција во човековото општество … Затоа, политичката економија во нејзината суштина претставува историска наука. Таа обработува материјал кој е историски, односно материјал кој постојано се менува.”

Во продолжение е преведениот извадок од книгата.

“Сè додека еден начин на производство е во нагорна линија од неговиот развој, дотолку бива срдечно славен дури и од страна на оние кои го влечат пократкиот крај од нему својствениот начин на распределба. Така беше и со англиските работници при појавата на големата индустрија. Дури и онолку долго колку што начинот на производство останува општествено прифатен, воглавно владее задоволство од рапределбата, и ако се случи отпор – тогаш тој доаѓа под закрила на самата владејачка класа (Сен-Симон, Фурие, Овен), а кај експлоатираните маси не доаѓа до никаков одзив.

Тек кога овој начин на производство поминал многу од својот пат во надолна линија, кога условите за неговиот опстанок во голема мера исчезнале и неговиот наследник веќе тропа на вратите – дури тогаш се докажува неговата неправилна распределба, која станува сè повеќе нееднаква. Дури тогаш, на основ на преживеаното почнува да се алудира на таканаречената вечна правда.Во научна смисла, ова апелирање кон моралот и законот не нѐ носи ниту еден чекор напред; во моралната огорченост, па дури и да е толку многу оправдана, економската наука не може да види доказ, туку само симптом. Напротив, Нејзината задача е да докаже дека новите општествени зла кои се појавуваат се само нужни последици од постојниот начин на производство, но воедно и значи дека тој почнува да се распаѓа и дека во форма на економско движење кое се распаѓа ги открива идните и нови начини на организација на производството и размената, како елементи кои овие зла (општествени) ќе ги отклони.