АктуелноЛокално

[ВИДЕО] Започнаа блокадите против Еуромакс и рудникот на смртта

Здрава Котлина на својот фејсбук профил објави видео од денешната блокада до рудникот Иловица – Штука, со кое најавија дека ова е прва блокада и дека отпорот ќе продолжи се додека Владата не ја одземе концесијата за овој рудник. Затворањето на рудникот Иловица-Штука беше едно од главните предизборни ветувања на СДСМ за чие затворање сѐ уште нема никаква најава од владејачката партија.

Во продолжение го пренесуваме целото соопштение на Здрава Котлина и видеото од денешната блокада.

„Денес во 05:00 на падините на планината Огражден група активисти со жив ѕид и моторни возила го блокираше патот до рудникот на смртта Иловица-Штука. Со ова започнува нова фаза од нашата борба со употреба на жив ѕид и блокадите на сите теренски активности на концесионерот кој веќе 3 годнини оперира со истечена концесија. Вчера на собир на граѓани во Иловица се донесе решение за блокада и денес ја спроведуваме.

Сабајле во 05:30 конвојот од археолози и работници на Еуромакс Ресуси беше запрен за кратко време се повлекоа назад.

Денес го споведуваме во дело она што подолго време го зборувавме и за кое предупредувавме дека нема да дозволиме никому, по ниту една цена, никогаш да има рудник над нашите глави.

Ова е прва од ваквите блокади и ги предупредуваме Еуромакс да ја разберат пораката, а посебно испраќаме порака до Владата во најскоро време да го донесе потребното решение и согласно законите да биде одземена концесијата за рудникот на смртта.”

video-1560761923

БЛОКАДАПочитувани сограѓани,Денес во 05:00 на падините на планината Огражден група активисти со жив ѕид и моторни возила го блокираше патот до рудникот на смртта Иловица-Штука. Со ова започнува нова фаза од нашата борба со употреба на жив ѕид и блокадите на сите теренски активности на концесионерот кој веќе 3 годнини оперира со истечена концесија. Вчера на собир на граѓани во Иловица се донесе решение за блокада и денес ја спроведуваме.Сабајле во 05:30 конвојот од археолози и работници на Еуромакс Ресуси беше запрен за кратко време се повлекоа назад.Денес го споведуваме во дело она што подолго време го зборувавме и за кое предупредувавме дека нема да дозволиме никому, по ниту една цена, никогаш да има рудник над нашите глави.Ова е прва од ваквите блокади и ги предупредуваме Еуромакс да ја разберат пораката, а посебно испраќаме порака до Влада на Република Северна Македонија во најскоро време да го донесе потребното решение и согласно законите да биде одземена концесијата за рудникот на смртта.Во прилог е видео од денешната блокада.

Публикувахте от Здрава Котлина в Понеделник, 17 юни 2019 г.