Доналд Трамп со променета реторика: Не се залагаме за промена на режимот во Иран
Претседателот на САД Доналд Трамп, кој досега упатуваше заканувачки пораки до Исламската Република Иран ја промени реториката во однос на оваа земја: „Конечно еднаш сакаме да го разјасниме ова прашање, ние не сакаме промена на режимот во Иран“ изјави Трамп.
“Ние ќе се договориме со Иран”, рече Трамп, “Познавам луѓе од таа земја, тие се одлични луѓе, Иран може да биде одлична земја со истата влада, нема потреба од промена на владеачката адмнистрација”, рече тој.
По одредена воена испорака на САД во регионот, тензиите на Блискиот Исток се зголемија, а иранските власти започнаа преговори со земјите од Заливот. Иранскиот министер за надворешни работи, Џавад Зариф, беше во контакт со Ирак за да се увери дека Ирак ќе помогне во спречувањето на војната во регионот.
Беше објавено дека Иран предложи договор за „ненапаѓање“ со земјите од Заливот.
САД кои еднострано се повлекоа од нуклеарниот договор со Иран, наметнаа сериозни финансиски и други санкции за земјата. САД, која има за цел да ја ослабне економијата на земјата, речиси го запре извозот на нафта од Иран. Многу земји вклучувајќи ја и Турција меѓу нив, по санкциите на САД престанаа да купуваат нафта од Иран.