Вооружени левичари упаднаа на собир на Кју Клукс Кланот во Америка
Група од 600-тина луѓе составена од антифашисти, комунисти и други активисти – голем дел од нив вооружени – се појавија на мал собир организиран од членови на Кју Клукс Кланот во Дејтон, Охајо. На собирот на Кју Клукс Кланот присуствуваа девет членови со натписи “разноликост=геноцид” и “ОК е да бидеш белец”. Тие исто така носеа знамиња на САД, знамето на Југот (од граѓанската војна) и знамето на ККК. Со дозвола од администрацијата на Дејтон, членовите на Кју Клукс Кланот беа маскирани и вооружени со пиштоли. Настанот го обезбедуваа повеќе од 650 полицајци.
И покрај големото полициско присуство, голем број активисти од неколку комунистички и анархистички групации дојдоа вооружени, отворено опремени со пушки и пиштоли. Дел од активистите искажаа револт дека полицијата не била таму за да ја заштити заедницата, туку Кланот.
“Kого штитите? Кому служите?”, Извикуваа активистите против присутните полицајци. “Полицијата и Клу Клукс Кланот одат рака под рака!”
На настанот беа присутни вооружени членови на Новата Партија на Црни Пантери со пан-африканско знаме кое е симбол на ослободувањето на Црнците ширум светот. „Полицијата е тука за да ги штити ККК. Полицијата убива 1000 луѓе годишно. Ние ја учиме заедницата да се одбрани и заштити себеси затоа што полицијата не нѐ штити нас. Наше уставно право е да се заштитиме себеси”. – изјавија членовите на Партијата на Црни Пантери.