Крикот на чудесниот Едмонд Шаќири Грејс
Уметникот е тука за тебе да ги изџвака сите скапани банани и да ги исере, додека ти мирно дремеш залегнат во твојата идиотска фотеља. Тој треба да ги прими сите твои кошмари-камшици-сништа и илузии, при тоа да створи едно грандиозно дело за кое никогаш нема да биде платен. Додека ти спокоен имаш удобно место во скопскиот политички круг и глумиш научник конкурирајќи за некакви бесмислени проекти. Да уметникот треба да искова кубици даски, да пренесе тони железо и да употреби зилион зборови за да ти на крајот му се наплукаш на делото. Да пееш ситни евровизиски песнички само поради тоа што си роден во светот на мама и тато, овој скопскиов-северно македонскиот. И дозволи ми да ти кажам уште нешто! Никој не може со правиот уметник, но дали Скопје има таков? Дали севернава провинција, составена од малограѓани и пеливански сеирџии има таков?
„Едмонд Шаќири Грејс коментираше пред една мала група скопски уседелици. Уседелиците беа на long term фиромејски платен список од Адама па наваму. Тие продаваа блазирана уметност и се ќелешеја по скопските кафулиња не баре се работеше за некакви аристрократски гниди доселени од кожувчето на англиската кралица. Едмонд Шаќири Грејс беше на глас како човек без влакна на јазикот и редовно ги критикуваше скопските плиздурчиња кои себеси се гледаа како дел од некаква уметничка елита, тие на некој чудесен принцип беа запослувани по скопските институции, и глумеа еден вид на буржоаски петли, додека остатокот на популацијата беше приморана да аргати по фабриките и корпорациско инвестицијските конц логори.
Животот во Фиромеја или сега веќе Северна Македонија, го беше достигнал својот зенит на нетрпеније-лудило и морален пад а богами и глад. На сето тоа уште повеќе допринесуваше напливот на новата технологија-интернетот и егото на „разбудените фиромејци„. Но будењето имаше сосема спротивен ефект, тоа редовно генерираше што е можно повеќе завист-бес и налуднава некреативна злобуњавост.
Па таа државата се разнишуваше на секој коментар од најситната административна улично-експертска чавка па до најсјајниот дуи орел на небото. Сите можеа подобро од тие на власт, тие пак некако дојдени на власт и самите се чудеа што со себе. Фиромејските институции беа најголемата опасност за самите себе, живееа од себе за себе, кроеја закони од себе за себе, делеа плати од себе за себе, кроеја парцели од себе за себе и малтретираа недолжни граѓани ( ако таквите воопште беа преживеани ). За да парадоксот биде уште поголем тие беа и најголемите критичари на институциите и власта. Најстрашната неправда ја претрпеа се разбира уметниците и правите љубители на уметноста. Сите оние малубројни претставници на скопската авант гарда (ако воопште можеше денес така да се наречат) бидејќи поголемиот дел од нив беше или изумрен или ментално скоцкан, или пак опирајќи се на некој монструозно чудесен начин преживуваа од чист каприц разнесувајќи јајца од ној по улиците, притоа шмркајќи некоја ефтина амфетаминско-детергентска прашина што само ги разгоруваше нивните ионака истрошени нерви до степен на сомнобулност.
Овие пак „хероите административци„ налеваа масло на огнот и дополнително чадеа димни сигнали тропајќи со својата наводна остроумност и очакленост- не баре се работеше за научници од НАСА, сликајќи се по канцелариите како пичкички. Паѓаа тука анализи, разни нагодби-опклади-предвидувања-наперчености припреми за геј паради, за борба на се`и сешто против секој и секого, но, на крајот остануваше голата вистина: во Фиромеја никако не пристигнуваше животот. Бидејќи целата Фиромеја беше населена во еден град: Скопје… Сите тие „скопјани„ се движеа низ улиците како растресени лигни фатени во мрежа: тргни застани-застани-тргни. Редовно дерејќи се еден на друг и скотски надвикувајќи се.
На крајот од денот секој се чувствуваше среќен ако се разбуди следното утро, можеби поради фактот дека во Фиромеја се беше некако на сила. На сила политика-на сила театар-на сила литература-на сила уметност-па на сила дури и проституција. Па оттаму Едмонд Шаќири Грејс ( македонец од татко албанец, мајка американка и баба македонка-дедо галичанец ) се чувствуваше повикан да се бори против зарѓаните старо-ново-скопски шеми и квази елитизам. Тој беше атеист-левичар-анархист, но највеќе од се беше сликар. Сликаше заклани петли -отруени кучиња и портрети од штотуку починати за инат на сите – правеше изложби долж камениот мост, па истите слики после неколку минути ги палеше и никој никогаш не успеваше да задржи некое негово дело.
Еден ден Едмонд се приклучи на една од оние невладини „подрж ми го стојко„ организации, па оттаму доби гласност и почна да се појавува по медиумите и телевизиите. На таинствен начин преку агентите на Чивша Савка тој истотака навлезе во мистериите на оргазмот и екстазата без употреба на наркотични сретства, па стана практикант на улична тантра која се состоеше од посматрање на задници- анализирање на женски гради и суптилно мирисање на парфимирани мишки од младинки долж кејот на реката Вардар.
Нормално тука беше и стариот ритуал наречен зло око. А имаше и што да се злињави: богатите беа искилавено осамени- сиромашните изгубено заталкани во омраза а пеливаните за цело време беа завиткани во пелени. Таков беше животот во северната Фиромеја. Ниту самиот Чарли Чаплин не можеше да ја замисли подобро. Фиромеја беше “one night wonder”. А веќе следното утро сите редовно киснеа пред вратите на катастерот каде што единствено остана нешто да се зграпчи. Максимата: кој рано рани два стапа граби се однесуваше на сите битанги кои за цело време пиеа кафиња и сплеткареа во име на „турбо администрацијата„.
Оддеднаш (како да не им беше доволна работата овие фиромејци-скопјани посакаа да навлезат во доменот на сите области ),не им беше достатно што секој месец земаат плата од 30000 ден за „мрсење на муда и гледање на порно сајтови„ туку започнаа да се занимаваат со музика-со уметност-со филм-со литература-со наука-со анализа-со дрогирање-со хомосексуалност-со анархизам-со се` што можеше да се замисли, само не и со тоа што нивните дедовци така вешто го правеа: садењето на праз. Нивните дедовци-татковци истакнати крпељи работеа по нивите и спремаа зимница а скопјаниве седеа и мудруваа низ скопските кафулиња. Можеше да се видат преку ден и преку ноќ, на улица или на пазар, на тв програма или на контакт емисија.
Скопјаниве беа насекаде и во секое време. Сите како по некое правило се разбираа во фудбал-математика-оф шор –он шор-на ти го-дај ми-го-во уста клај- ми го- процедури, се разбираа во се само не во милост. Милоста беше нешто непознато за нив. Тоа важеше и за естетиката-љубовта-моралот-единствена вредност се`уште држеше порнографијата. Е токму тоа го излудуваше Едмонда, па затоа тој секогаш заминуваше во канцелариите на Чивша Савка на чаша бренди и темелна анализа на порокот. Савка пак беше единствената што имаше слика од екстравагантниот сликар обесена на ѕид, таканаречената „Астрална Вагина„ слика со помпезна големина со широчина од десет и висина од седум метри. Сликата делуваше како вселенски портал и ја менуваше бојата и значењето дури и на најмалата промена на светлина-агли или расположение.
Еднаш еден американски амбасадор за неја понуди цели половина милион долари но Едмонд запрети дека ќе ја запали па Чивша Савка беше приморана да се откаже од продажбата. Пријателството со Едмонд сликарот и беше од голема важност. Академијата на науките се надеваше дека еден ден ќе го изложи делото на Едмонд во фоајето пред тоалетите, но за тоа никако не се доаѓаше до договор. Едмонд одбиваше со највисок степен на резигнација и гнев.
Всушност Едмонд имаше демонски дисреспект за академиците и сличните накази кои што беа произлезени од некогашната СФРЈ и живееја во просек по двестотини години, притоа споменативе не забораваа да упатуваат критики до Рокефелера-Дејвид поради неговата десетта промена на срце и долгиот животен век со цели 101-на преживеана година и екипа од шеесет запослени медицински лица. Кои што овие ги обвинуваа, бидејќи Дејвид требал да почине помлад бидејќи бил капиталист, а овие биле од сој та морале да живеат долго по два века, се гледале како антички сој а сиротиот Дејвид бил неугледен скаламутор со прадедо коњушар-јенки. Еее… кога тие имале куќи ѕидини во Галичник: велеа: не постоела Америка. Америка па Америка, така му се перчеа на Едмонд. Едмонд пак ги собуваше чевлите и им ги даваше скинатите чорапи за да го синкопираат мирисот на познатиот галички кашкавал од своите со години не стригнати нокти. Чудесниот Едмонд Шаќири Грејс.
Фејсбук статус на Vlado Manchevsky.