Ранет е припадник на затворската полиција при бегство на затвореник осуден за Убиство

Припадник на затворската полиција од КПУ Идризово е ранет доцна синоќа откако нивното возило било пресретнато и нападнато при транспорт на затвореник кој добивал лекарска помош.

Според првичните неофицијални информации, возилото на затворската полиција се движело кон затворот Идризово, кога засега непознати лица со друго возило им го пресекле патот, удриле во возилото во кое бил затвореникот и со огнено оружје се пресметале со припадници на затворската полиција. Во случката ранет е еден припадник на затворската полиција, а притоа насилниците успеале да го одземат од полицијата и затвореникот.

Се работи за осуденик осуден за Убиство на 20 години затворска казна, по потекло од Тетово кој наводно имал здраствени проблеми во текот на ноќта и истиот бил транспортиран на клиника за лекување. Според некои наводи истиот сам си нанел рана за да може да биде транспортиран на клиника.

Власта очигледно не може да не заштити ни од криминалците кои веќе се казнети и ја издржуваат својата казна во затвор. Загрозени се безбедноста на граѓаните како и на вработените кои работат во казнено поправните установи.

Остануваат отворени прашањата за тоа кој се става на раководните функции во пенитецијарниот систем? Здраствениот систем и онака е веќе колабриран, но дали некој води контрола за корумпираноста кај здрставените работници па за лична материјална корист да ја злоупотребуваат својата функција и се ставаат и во служба на криминалците? Каква обука поминуваат затворските полицајци пред да бидат вработени и со какво образование се истите за да можат соодветно да одговорат на своите работни задачи?

Прашања многу, но одговори многу малку!

Во контекст на погоре кажаното, во интервју за „А1он“ Марјан Спасовски, директор на Управата за извршување санкции призна дека во затворите владее ендемска корупција. Акцијата за бегство на затвореникот и кај надлежните органи го остави сомнежот дека е координирана со лица од затворот, со оглед на информациите кои ги поседувале вооружените лица, додаваат од „А1 он‘‘.