АктуелноИнтернационално

Видео од полицаец како тепа тинејџер афроамериканец стана вирално на социјалните мрежи во САД

Брутално видео, каде двајца полицајци од сојузната држава Флорида тепаат афроамериканец тинејџер, стана вирално на социјалните мрежи изминативе дена. На вознемирувачката снимка се гледа како едниот полицаец, откако го прска со спреј 15 годишното момче, насилно го соборува на земја и го удира неколку пати со главата од улица, по што се забележува локва крв. Подоцна момчето е приведено под обвинение за напад и спротиставување на апсење.

Еден од инволвираните полицајци изјавил дека момчето било “агресивно” и потребно било да се примени таква “техника”. Но, на видеото кое масовно се споделува под хаштагот #JusticeForLucca, се гледа дека полицаецот откако го прска со спреј, момчето пробува да си замине, при што полицаецот насилно го фаќа и го соборува, каде го удира неколку пати агресивно од земјата додека крвари.

Иако снимката наиде на огромна осуда во американската јавност, сѐ уште нема дефинитивна информација дали полицајците од видеото ќе одговараат за ваквиот напад, со оглед на тоа што изминатите години во САД зачестија насилствата и убиствата кај афроамериканското население од страна на полицијата, при што во голем број од случаите виновниците добиваат мали или никакви санкции.