Рудниците на смртта покажаа чии интереси штитат СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ
Политичката власт не ја освојува партијата во свое име, туку во името на економската КЛАСА од која таа произлегува и ја застапува. Политичката „борба“ помеѓу две бизнис партии е борба за поголеми привилегии. Нивните политички потези секогаш ќе бидат во корист на своите спонзори (неретко странски, кога станува збор за држава како Македонија), а на сметка на народот, колку и понекогаш, на краток план, тоа да не изгледа така.
Најдобар показател за фарсичноста на демократијата, во која власта си ја менуваат неколку бизнис-партии, е ситуацијата со рудниците на смртта. Леснотијата со која ДПМНЕ и СДСМ ги премостуваат „разликите“, и сложно и братски се борат за правата на Еуромакс, нарачуваат содржини од своите „режимски“ и „анти-режимски“ медиуми, а ветуваат дека ќе нема рудници (да се зачудиш како сите се против рудници, а Еуромакс ги отвора) за да го смират народот и да добијат по некој глас, покажува недвосмислено за чија корист работат и СДСМ и ДПМНЕ.
Вака е за секоја една одлука – кога се бира меѓу бизнисот и работниот народ, работниот народ ќе се гуши, ќе плаќа даноци дури работи за минималец, а бизнис-партиите ќе бидат послушни кон бизнис заедницата и ќе се трудат да им го осигураат профитот.
Став на Јован Крајевски, член на Президиумот на Левица.