АктуелноИнтернационално

Студентски фронт од Србија: Буржујската примадона ги навредуваше студентите

Студентски фронт (СФ) најостро ги осудува навредите на сметка на студентите кои во моментот вечераа во студентската менза,  а кои беа кажани од скриениот лидер на „Движењето на граѓаните на Србија“, Сергеј Трифуновиќ, за време на протестот на буржујската про-империјалистичка групација „1 од 5 милиони“ во Нови Сад.

На таа дрска буржујска примадона и пречеше што студентите на Новосадскиот Универзитет вечераа во мензата наместо да земат учество на протест кој е организиран од буржујски опозициски партии, меќу кои и онаа на Трифуновиќ. „Се надевам дека уживате во шницлите“, им порача, меѓу другото, грозниот Трифуновиќ, обраќајќи се на студенти кои воглавно доаѓаат од работнички и селански семејства.

Докажаниот малограѓанин и буржујски паразит, Сергеј Трифуновиќ, се прави како да не знае дека квалитетот на исхраната во студентските мензи е многу лош и дека таквата ситуација е наследена од периодот во кој со Србија раководеа политичари со кои тој ги организира протестите „1 од 5 милиони“. Вообразениот, самобендисаниот и многу глупавиот Трифуновиќ не може да прифати дека на студентите од работнички и селански семејства, кои во мензата го јаделе својот скромен оброк, не им паѓа на памет да го поддржат анти-народниот буржујски проимперијалистички режим на Александар Вучиќ, но ни протестите кои ги предводат анти-народните буржујски проимперијалистички партии, меѓу кои и ПСГ. Студентите од работничките, селанските и семејствата на чесната интелигенциа сметаат дека СНС и ДОС се непријатели на нивните егзистенцијални интереси и интересите на нивните семејства, па не сакаат да му овозможат на Трифуновиќ и на другите буржујски опозиционери да го заменат Александар Вучиќ во водењето на државна политика која е антинародна и антиработничка. Тие студенти јасно  препознаваат дека Трифуновиќ и другите членови на ДОС кои сега се нарекуваат „1 од 5 милиони“ не водат борба за нивните егзистенцијални интереси, укинување на „Болоњската декларација“ која ги фаворизира богатите студенти на сметка на сиромашните, враќање на цивилизациските придобивки стекнати за време на социјалистичката изградба на нашата земја, бесплатно студирање, прекин на реакционерниот процес на приватизација, стечајите, како и донирањето на странскиот и домашен капитал со средства кои нивните родители ги создале.

Студентскиот фронт (СФ) ги поздравува новосадските студенти кои ги игнорираа повиците на Сергеј Трифуновиќ да учествуваат на собир за неговите политикантси интереси, од кои тие немаат ништо и се солидаризира со сите оние кои тој ноторен лајач ги вреѓаше. Нашиот Фронт ги повикува студентите од семејствата на работничката класа, селскиот пролетаријат и чесната интелигенциа јасно и гласно да истапат против режимот на Вучиќ, но и против ДОС-овата опозиција, бидејќи и едните и другите се на иста линија со буржоаските универзитетски власти во Србија во нивното пљачкање на студентите со енормно високи школарини. Затоа, сите прогресивни студенти ги повикуваме да стапат во редовите на Студентскиот фронт како, со заеднички сили, би се избориле за минималната цел на студентската борба, а тоа е намалување на енормно високите школарини, а потоа и за максималните цели – укинување на „Болоњската декларација“ и повторно воведување на бесплатно студирање. Исто така, ја повикуваме студентската младина да им се приклучи на работниците, селскиот пролетаријат, пензионерите, младината и чесната интелигенциа во борбата за создавање на Народен фронт во рамките на кој, под паролата „Ни Вучиќ ни ДОС“, би се избориле за подобра иднина и праведно општество.

Став на Секретаријатот на „Студентски фронт” од Нови Сад