ЛокалноСтав

НАТО носи безбедност само за елитите и капиталот

Деновиве, после Протоколот за членство во НАТО нашите политиканти од разни бои весело извикуваат „од вчера нашата земја е побезбеда“!

Безбедна, но за кого? Безбедна и спремна за оплодување за капиталот во рацете на елитното граѓанство од западниот свет. Безбедна поради положбата на потчинетост и угнетеност на нејзиното работноспособно население, кое е притеснато во социјален ќош од ѕидините на слободниот пазар, претприемаштвото и странските инвестиции!

Но, здравје до година само споредете го процентот/интензитетот од минатата година на заболени од рак и разни други болести, бројот на улични пресметки, смрт и повреди на работни места, социјално загрозени лица, состојбата на био-опкружувањето, нивото на квалитетот на водата и почвата, дупките по патиштата, безбедносните системи на противпожарните системи и капацитети за справување со елементарни непогоди, состојбата на здравствениот систем и слично. И ќе видете дека земјата со секој поминат ден е понебезбедна за животот ваш и вашата околија!

Фејсбук статус на Хактан Реџеп Исмаил, член на Президиумот на Левица.