Првиот шамар го добивате во недела!

Власта иако го окупираше медиумскиот простор, сепак не успева да го промени расположението на јавноста. Нивната пропаганда, микс на заплашување и евроатлански бајки, е пропаганда осудена на неуспех, луѓето ниту се глупави ниту се до толку исплашени.

Во текот на транзицијата, тие видоа се што можеше да се види, искусија се што можеше да се искуси. Се’ негативно се разбира. Тие ја паметат „оазата на мирот“ додека остануваа на улица како стечајци и технолошки вишоци во 90-тите. Ја паметат и изрежираната 2001 и улогата на НАТО пактот тогаш.Затоа не паѓаат на бајката за НАТО чуварот на мирот, народот бара леб и работа.

Тие ги паметат и 2-те милијарди на Циле, тие го знаат ефектот на странските инвестиции кои хараат 15 години во даночниот рај Македонија. Затоа не паѓаат ниту на флоскулата „Излези за европска Македонија“, ниту се плашат од заканите за изолација.

Сега додека ги гледам како се пењават во 5 до 12 да го сменат доминантното јавно расположение за бојкотирање на референдумот, ми доаѓа да ги прашам… Зошто не издржавте една година барем, да не си доделувате тендери, десетици илјади евра за стипендии за вашите деца и десетици илјади евра грантови за иновации за вашите снаи? Толку ли го потценивте народот? Зошто не издржавте една година барем глума, како што тоа го направи ДПМНЕ 2007-2008, пред да ни украдат следните 10 години?

Народот вас 10 години не ви дава да си играте играчки со нив и државата. Бидете убедени во тоа. Првиот шамар го добивате в недела!

Автор: Зоран Василески, адвокат и член на Президиумот на Левица

Превземено од ФБ