Пред да ви кажам зошто сте бетер да ви кажам зошто бевте исти

Исти бевте во:
– Разорната и општествено (социјално, еколошки, здравствено, културолошки) кобната економска политика која ја водите, поточно која не ја водите туку согласно вашиот неолиберален мајндсет ја оставате да тече сама на себе каде едни нагомилаат богатство а другите поради тоа страдаат за леб и, ако имаат малку среќа, можат да бидат робови на првите. А вие, вие само гледате колку ќе може да присоберете данок и тоа од ниските слоеви!

– Потоа апсолутно исти бевте што се однесува до молзење на јавните средства. Најпрво едните, преку приватизацијата, си ги наполнивте амбарите потоа другите, преку РЕприватизација, го направија истото. Па, еве сега, едниве повторно преку ухлебување и тендеромантрање ја пеат истата похвала.

– Исти сте и во парламент – сите земате патни трошоци и надоместоци повеќе од плата!

– Исти ви се соништата – СТРАНСКИ ИНВЕСТИЦИИ! Рајот кој за нив го создадовте стана пекол за работниците а и за самата земјата!

– Исти сте и во оделата – шарени и китени руби во кои нема души! Уфирцани кошулјаши со машни како оглафчиња и со обележаи манжети како индустриска стока! Шминкреајски шарлатани за кои протестите беа конечно прекинување на сексуалниот пост!

– Исти сте и во покорноста кон странците, со комплекс на ниска вредност треперите пред нив, само што веќе преочебијно е дека не е од почит или лојалност ами од пуста страв!

– Исти сте и со животната средина – заедно сложни браќа ја напуштивте седницата кога требаше да се спречат смртните рудници во земјава! КАКО НЕ ВИ Е СРАМ!

– Денес еве дознавме дека исти сте биле и во преговорите со Грците, за волја на вистината вие сте малку бетер, Вас ви го начукаа ерга омнес.

– Исти сте и по партнерите, ДУИ вие е верна сенка која ја следите. ДУИ-нг бизнис насекаде.

– Исти сте во задоволување на партиските војници, сите конкурски и комисии се отвораат во партија, по списоци од ограноци по азбучен ред. Само што вие сте малку неспособни, или пак тоа партиските џукели ви се размазени, па со нетрпение да ги ухлебите ве ругаат наоколу и се жалат дека сте ги заборавиле! Да баттисаш од туѓ срам бе…

 

АЛИ БЕТЕР сте во репресија, цензура и контаминација како и црна пропаганда:

– Премиерот се јавува во театар да смени одлуки за репертоар, ејјј?!

– Ви течат и претечуваат објектите кои ви ги остави претходниот режим! Абре, не сте способни да искречите тоа што го затекнавте а не пак културна преобразба да чините!

– Менувате директори на институции со директиви од штабови.

– Ангажирате ПР вработени да водат црна кампања кон вашите политички и економски непријатели и истите ги плаќате од буџетот!

– И на крај, абе у време на Грујо вашите соросписки чкрабатори и кафич поети, книги издаваа со пари од министертсво. Да не зборам дека некои и филмови и претстави правеа и беа гласни во критиката кон власта. А СЕГА вие сакате цел филм да суспендирате пошто ви се може!

 

Нема да ви помине, и да ви помине нема да го биде шупаци!

 

став на членот на Президиумот на Левица, Хактан Реџеп Исмаил