АктуелноИнтернационално

Кога класната војна ќе заостри

„Ако нема правда за народот, нека нема мир за власта“
– Емилијано
Запата

Во неделата наутро, во Србија, одекна веста дека е уапсена за убиство 70 годишната Стојанка Стојановиќ. Според полицијата таа, користејќи го пиштолот на својот син, го застрелала смртно градежниот инвеститор Зоран Трифуновиќ.

Според медиумите, Трифуновиќ со години и се заканувал на Стојанка со физичко насилство, па дури и смрт, ако одбие да му го продаде своето земјиште. Земјиште на кое тој планирал да гради луксузни станови. Стојанка и нејзиниот син имаат поднесувано кривични пријави, се жалеле до медиуми и институции, но, залудно. „Правната држава“ останала нема.

Само прашање на време е кога ќе почнат да се случуваат вакви работи и во Македонија со оглед на сличната економско-политичка состојба. Во земја во која за работниците нема никаква правда, земја каде луѓето се оставени сами на себе да се борат против инвеститорите и останатите насилници, ова е очекувано и оправдано.