АктуелноИнтернационално

Крокодилски солзи за воените злосторници

Крокодилски солзи пролеа голем дел од македонската либерална јавност, откако слушна за веста за смртта на Џон МекКејн. Дури и министерот Димитров не пропушти да објави заедничка слика со сенаторот во знак на негова восхит, покорност и слепо следбеништво кон ликот и делото на МекКејн. Па, ајде на кратко да разгледаме кој беше Џон МекКејн, за што се залагаше и што точно одработи и на крај што тоа кажува за групата ожалостени и запрепастени од неговата смрт.

1. Здравство само за богатите: една недела откако му беше дијагностициран рак – благодарение на неговиот пристап до здравствени услуги финансирани од даночни обврзници – Џон МекКејн долета 3300 километри до Американскиот Сенат, со цел таму да го даде одлучниот глас против Законот на Обама за проширување на здравствената заштита (Patient Protection and Affordable Care Act). За потсетување, доколку Законот се анулира, тоа би довело 22 милиони луѓе да загубат пристап до здравствена заштита и десетици илјади да ги изгубат своите животи.    

2. Гласен поддржувач на амерички воени интервенции низ светот:  беше еден од главните и најгласни агитатори за војна против Ирак, што пак доведе до смртта на стотици илјади Ирачани и до раселувањето на милиони други. Воедно, повика и американските трупи да го окупираат Ирак уште „100 години“. Но, Ирак е далеку од единствената земја што сакал да ја нападне. Листата на други земји ги вклучува и: Сирија, Иран, Грузија, Либија… и зборува многу за принципите на оние кои имаат полна уста човекови права од една страна и низа воени акции кои човековите права ги прават бесмислени и невозможни.

Oстанува лицемерието на либералите, поготово во САД, кои замолчуваат критики за мртвите се додека се членови на естаблишментот, но не и за жртвите на нивното насилство

Видео клип каде МекКејн повикува на бомбардирање на Иран: