Цензура на Димитар Апасиев
Последното интервју на Димитар Апасиев, член на Президиумот на Левица, кое што беше оригинално објавено на порталот ЈанакиЗнае и преземено од Антропол, како и неговата последна колумна, се отстранети од Фејсбук. Причината е големиот број на луѓе кои ги репортирале објавите како спам. Секој обид за споделување на горенаведените линкови резултира со опомена за споделување спам, а Фејсбук страницата на Антропол се уште е нефункционална.
Ситуацијата очигледно е однапред исценирана цензура. Ваквото репортирање е можно од поголема група на луѓе кои се географски дисперзирани низ Македонија, за да алгоритамот на Фејсбук ја класифицира објавата како спам и автоматски ја отстрани.
Од интернет порталот Експрес велат: „Дека се работи за класична цензура преку социјални мрежи доказ е фактот што дури ако сакате сами да го споделите текстот што би значело дека за него не сметате дека е спам тоа Фејсбук нема да ви го дозволи затоа што предходно некој го пријавил како штетен линк.“
Од таму додаваат и дека „за експертите е јасно дека се работи за систем во кој одредена група луѓе е координирана од еден центар кој дава налог кои текстови да се пријавуваат на социјалните мрежи“.
Продолжете да не следите на нашата веб-страна, додека да се поврати функционалноста на Фејсбук страницата.