АктуелноИнтернационалноЛокално

Безначајноста на американскиот 4ти Јули

Што претставува, за американскиот роб, вашиот 4-ти Јули? Јас на ова прашање одговарам, 4-ти Јули е ден кој ја открива, повеќе од било кој друг ден во годината, грубата неправда и суровост врз тој кој постојано е жртва. За американскиот роб, вашата прослава е измама, вашето фалбаџиство за слободата – злокобна дозвола, вашата национална величина – надувана суета. Звуците на прослава се празни и бездушни, вашето отфрлање на тираните – горда дрскост, вашите извици за слобода и еднаквост се шупливо исмејување, вашите молитви и химни, вашите церемонии и благодарности, со сите ваши религиозни паради и свечености, за него(американскиот роб) се бомбастична измама, безбожност и хипокризија – тенок превез за да се покријат злосторствата кои би го засрамиле и еден народ на дивјаци. Во овој момент, нема нација на планетава која е повиновна за пошокантни и покрвави злодела од луѓето на САД.- Фридрих Даглас

 

Фридрих Даглас е аболиционист и активен учесник во создавањето на САД како самостојна нација. Гласен активист во реонот на создавање на еднаквост помеѓу белците и маргинилизираните заедници, особено црнечката, кои се во голема мера робови тој период. Тој како главни проблеми ги смета сегрегацијата, злоупотребата на белите политичари во толкувањето на државните документи и образованието. Проблеми со кои, ако погледнеме под ПР превезот насликан од медиумите, маргинализираните заедници во САД сеуште се борат.