АктуелноИнтернационално

150 години од раѓањето на ирскиот републиканец James Connoly

150 години од раѓањето на ирскиот републиканец Џејмс Коноли

Една од најпознатите изјави на Џејмс Коноли е “британската влада нема никакво право над Ирска, никогаш немала никакво право над Ирска и никогаш не може да има право над Ирска”.

Коноли заедно со Патрик Пирс (ирски политички активист и еден од лидерите на Велигденскиот бунт против британската власт во Ирска) ги спојуваат Ирската Граѓанска Армија и организацијата на Ирските волонтери во Армија на Ирската Република, односно Ирска Републиканска Армија. За Коноли карактеристичен е ревизионизмот во неговото делување, кој во последно време наоѓа голема примена. Тој бил дециден во однос на вината на британскиот народ за нивниот национален империјализам. Во 1916-та година, само еден месец пред неговото убиство, тој вели “Не можам повеќе да го слушам лицемерието на оние кои нè убедуваат дека не смееме да го обвинуваме британскиот народ за злосторствата на нивните владетели против Ирска. Ние ги обвинуваме. ” Последните зборови на Џејмс Коноли беа “Јас сум Ирец”.