Лабава акустика со Бачко во СЦ Дуња
Текстот е преземен од ФБ настанот.
Интервју со артистот можете да прочитате тука.
Со ладно пиво и топлина од акустичната гитара, Кристијан Гиноски ќе ви го долови звукот на улицата. Со уникатен избор на блуз, кантри и рок музика, неговиот настап ќе ви ги раскаже секојдневните приказни на човекот кој преживува во овој град.
Место: СЦ Дуња (зад автобуската постојка спроти градежен факултет)
Време: 24ти февруари (сабота) 20 часот
Влезот е БЕСПЛАТЕН – земете си пиење од фрижидер и оставете ни препорачана донација за поддршка на артистот и на Дуња. Се гледаме во сабота во 20 часот!