„Бернајс Пропаганда“ избркани насилно со обезбедување од Министерството за култура

Од бендот „Бернајс Пропаганда“, на кој без да аплицираат им беа доделени средства од буџетот, обвинуваат за индиферентност, манипулација и насилство од страна на Министерството за култура и крајно неетичко новинарство од страна на ТВ Телма.

„Денес дадовме изјава (за жал) за TV Telma кои пренесоа само 10% од нашата изјава во ТЕНДЕНЦИОЗНО МОНТИРАН ПРИЛОГ кој ги прикрива нерегуларностите во Министерство за култура. Денес не и се обраќавме на Македонска Филхармонија туку на Министерството за Култура!

Приговорот беше насочен кон нелегитимното аплицирање на Конкурсот, кое Министерство за култура го ОДОБРИ.

Им се обраќавме на MИНИСТЕРСТВОТО ЗА КУЛТУРА, укажувајќи на непрописно и нерегуларно одобрената апликација во наше име (Бернајс Пропаганда),која Министерството ЈА ОДОБРИ И ПОКРАЈ ТОА ШТО НЕМАШЕ ПОТПОЛНА ДОКУМЕНТАЦИЈА. Условите се транспарентно пропишани во УПАТСТВО на нивниот сајт кој вели дека АПЛИКАЦИЈА БЕЗ СОГЛАСНОСТ ИЛИ ИЗЈАВА НА уметникот вклучен во проектот, нема да биде ниту РАЗГЛЕДУВАН, А КАМОЛИ ОДОБРЕН ОД МИНИСТЕРСТВОТО! Од друга страна денеска нешто после 11:00 откако пробавме да побараме одговори и документација околу оваа непостоечка апликација не само што не ни дадоа одговор туку оние кон кои не упатија во просториите на министерството ни кажаа дека не се запознаени со нашиот случај и не избркаа од здрадата на министерството со обезбедувањето кое е од Министерство за внатрешни работи. Откако по втор пат конечно успеавме да го верифицираме нашето барање повторно добивме нешто што е далеку од комплетна официјална документација. Одиме на трета среќа и правда!!!“ – велат од бендот