АктуелноЛокално

Бранимир Јовановиќ: before and after

Клучниот советник на Министерството за финансии, Бранмир Јовановиќ, сега, откако е дел од власта на СДСМ, има сосема спротивни ставови. На пример во врска со плаќањето ДДВ од страна на физички лица, во однос на неговите ставови од март минатата година.

Како што најавија од министерството, отсега ќе се имплементира плаќањето данок за физички лица кои имаат годишен промет над милион денари. Ова, иако изгледа многу, на месечно ниво изнесува околу 1400 евра што не е ништо, посебно како приход на едно 4 члено семејство, во споредба со сумите кои ги заработуваат крупните капиталисти.

Минатата година, кога Бранимир беше активен член на политичката партија Левица, тој за истата мерка изјавил: „Со тоа се оданочуваат оние што остваруваат мал промет т.е. сиромашните, со цел да се наполни буџетот“.

Додека пак, сега, кога е дел од власта на СДСМ, тој ја брани мерката и тврди: „Нема никаква промена во изминатиов период. Со оваа обврска не се даночат сиромашните, туку најбогатите 1 процент од луѓето“.

Тој во неговата понова изјава дополнително ветува дека целта на мерката не е прибирање пари за буџетот, иако лани обвинуваше за спротивното. Политиките остануваат исти, само ставовите на Јовановиќ се променети.