Настани

Протестен Марш! За Итно Запирање на Рудникот Казандол!

Текстот е преземен од ФБ настанот.


СТОП ЗА РУДНИЦИТЕ НА СМРТТА!

Овој ПЕТОК, на 08.12.2017, ние граѓаните од целиот Југоисток и пошироко да се собереме на Протестен Марш каде уште еднаш сите заедно во еден глас ќе кажеме дека во Македонија место за рудници со отворен коп НЕМА.

Маршот ќе започне во 12:00 часот со собир на сите граѓани на булеварот “Првомајска” пред автобуската станица во Валандово каде во 12:30 часот ќе бидат одржани граѓански говори.

Маршот ќе почне да се движи кон крајната цел: регионалната крстосница Валандово – Пирава – Марвинци (Страиште) во 13:00 часот.
При пристигнувањето и блокирањето на крстосницата ќе ги споделиме нашите БАРАЊА за ИТНО СТОПИРАЊЕ НА Р. КАЗАНДОЛ, Р. ИЛОВИЦА-ШТУКА и БОРОВ ДОЛ.

По блокадите на крстосницата и споделувањето на Барањата, Маршот ќе продолжи кон почетната точка во Валандово.

Во склоп на овој масовен собир на граѓаните од Југоистокот, во 15:00 часот ќе започне ‘Конференција на Граѓаните Против Рудниците на Смртта’ каде ќе може да слушнеме слични искуства од СТОПИРАЊЕ НА РУДНИЦИ од пријатели од Романија, како и од пријатели од соседна Грција и Бугарија. Исто така, ќе имаме простор за дискусија на тема “Што од овие искуства ние како граѓани на Југоистокот на Македонија можеме да искористиме во нашата борба против рудниците на смртта?”
Конференцијата ќе се оддржи во Валандово, точната локација ќе биде наскоро објавена.

Програма на Протестниот Марш:
12:00ч – 12:30ч Собир на граѓани пред Автобуска станица Валандово
12:30ч – 13:00ч Граѓански говори пред почетокот на Маршот
13:00ч – 13:40ч ПРОТЕСТЕН МАРШ
13:40ч – 14:00ч Блокирање на регионалната крстосница Валандово – Пирава – Марвинци (Страиште) и споделување на пораки до јавноста
14:00ч – 14:40 Враќање на Протестниот Марш кон почетната точка во Валандово
15:00ч – 16:00ч Конференција на граѓаните против рудниците на смртта

Донесете ги своите транспаренти, пораки и одлучност за СТОПИРАЊЕ НА РУДНИЦИТЕ НА СМРТТА!
Ве очекуваме сите!