Прва самостојна изложба на Никола Славевски – „Обои црвено“

За повеќе информации, видете го ФБ настанот.

Обои црвено е прва самостојна изложба на Николче Славевски. Насловот се однесува на „обојувањето“ на делото на уметникот односно внесување на политички и идеолошки контекст во уметноста. Авторот и самиот е политички активен, бил активист на ЛДС, а потоа е во раковоството на Левица. Изложбата се занимава со потребата од внесување на политички контекст во уметноста наместо концептот за уметност која е израз на светот на авторот. Спротивно од егоцентричната поставеност на авторот според која авторот е центарот на вниманието во уметноста, а воедно спротивно и на тенденцијата според која уметноста треба да се изолира од секаков општествен и политички контекст и да се занимава самата со себе си. Авторот се обидува да го покрене прашањето за политизација на уметноста преку вметнување на политички содржини во делата кои напати стигнуваат до вулгаризација на политичките пораки и идеолошките симболи. Покрај тоа делата претставуваат и политички став на авторот, како одраз на тоа што самиот тој смета дека во политичката борба уметникот не треба да гледа од страна туку да завземе страна и став. Уметникот не треба да биде аполитичен „чудак“ кој се занимава со потребата за внимание и егзибицонизам туку општествено одговорна личност која е дел од заедницата, а како таква нејзината општествена ангажираност е нужност, а не желба.