Работничко исцелување (проекција + дружба со екипа и работници)

Текстот е преземан од ФБ настанот.


На денешната проекција во кино Милениум од 20:00 часот ќе присуствуваат 20-тина вработени во Депото на Македонски железници кои беа дел од нашиот филм.

На проекцијата ќе присуствува и дел од екипата и по завршување на филмот ќе се одржи кратка неформална средба во фоајето на кино Милениум.

Депото на железницата, од неговото пуштање во работа, цели 43 години било препуштено на забот на времето. Полураспаднатиот простор, халите и објектите во кои работниците престојуваа, започнаа да се реновираат неколку месеци по завршување на снимањето на филмот.

За време на снимањето во депото на македонски железници, дел од вработените штрајкуваа. Ситуацијата речиси ја отслика приказната на филмот: работниците протестираа и си ги бараа неколку месечните задоцнети исплати. Бидејќи не наидуваа на разбирање, со надеж за побрзо решавање на проблемот, тие дури започнаа и штрајк со глад, кој за среќа заврши без фатални последици.

„Исцелител“, меѓу другото, е и филм за работничката класа. Снимањето во депото е непресушен извор на анегдоти, кои ќе ги споделиме со вас на дружбата во Милениум.

Се гледаме. 🙂