Бомбе деведесетих: музичка катарза

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on Google+Share on LinkedInEmail this to someone

Текстот е преземен од ФБ настанот.


бомба
множина: бомби
вид збор: именка, женски род
1. Метално тело, предмет исполнет со експлозив, наменет за уништување објекти и жива сила.
2. Нешто извонредно, сензационално, успешно.
________

Бомбе деведесетих е сумарно име на (анти)естетичките тенденции на повоените генерации од Југославија. Може и да се универзализира, па да стане општ назив за секоја супкултура која настанува врз руината од војните, врз купиштата метал, месо, пепел и прав. Некој има кажано дека дадаистите, кога паднале во тежок муабет за метемпсихозата, го предвиделе доаѓањето на ова сениште. БД прави асемблаж од повоениот шут и отпад, создавајќи звучни, визуелни и зборовни форми кои треба да ја помират личноста со суровиот релјеф на реалноста.

Главни одлики: еклектичност, фриволност и катарзичност.
Најчести ефекти: заборавање, расшрафување, прочистување.

Овој настан е за тие што им е преку глава од сè и за тие со укочен врат!

На репертоар се: Киша метака, Кранкшвестер, Сајси ем-си, Крешо и Жуви, БД…

Место: Гаража / Бајк-кафе (ул. Орце Николов 155)
Време: 21:00