7×3: Поетско читање во СЦ Дуња

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on Google+Share on LinkedInEmail this to someone

Текстот е преземан од ФБ настанот.


Поетските читања се враќаат во СЦ Дуња!

На 02.11.2017, четврток, ќе посведочите како најсочното творештво на неколку млади автори ќе ве престори во стаклени гуски спремни да се лансираат во трулите ганглии на авторот, каде што ко зајци се котат виножита мокри во сите бои. Ќе гракате, стенкате и молите да ви читаат уште, а тие може да ве запцујат по пат и убаво ќе ви биде, без разлика!

Не го пропуштајте отварањето на поетската сезона во СЦ Дуња, која ќе биде мрсна како никогаш досега.

Да, и варено вино ќе има.

Поети:
– Андреј Ал-Асади
– Исток Улчар
– Рина Јанкуловска
– Ива Дамјановски
– Владимир Николовски
– Диме Данов
– Мануела Златкова