Настани

Проекција на Sunrise Mass

Линк до fb настанот.


„Мисата на изгрејсонцето“ е современа композиција од 2008 година на норвешкиот композитор Ола Јеило, кој живее и работи во Њујорк, САД. Делото е напишано за гудачки оркестар и хор, а текстот е на латински. Ова едноставно но моќно дело за прв пат кај нас беше изведено на 13 октомври 2017 година, во просториите на Музејот на град Скопје. Во изведбата учествуваа два мешани хора – „Артизан“ и „Про Арс“, како и гудачки камерен оркестар.

Во вторник вечер (од 20:30), во СЦ Дуња, каде што хорот „Артизан“, под раководство на Сања Пановска Миланова, се подготвуваше цела година, ќе ја проектираме снимката од концертот и ќе дискутираме за истата.

Повелете на убава музика и дружба!