„Marx Reloaded“

Германскиот документарец, „Marx Reloaded“, режиран од писателот и теоретичар Џејсон Баркер, ги разгледува идеите на германскиот философ Карл Маркс и нивната релевантност со економската криза од 2008. Во своите 52 минути тој презентира интервјуа со модерни философи, како што се Џон Греј, Мајкл Харт, Антонио Негри, Нина Пауер, Жак Рансјер, Петар Слотердијк, Алберт Тоскано и Славој Жижек. На крај, пародирајќи го култниот филм „Matrix“ (насловот на документарецот е игра на зборови од продолжението на овој филм), секој од нив е запрашан дали ќе го изберат синото или црвеното апче.

Во прилог можете да го најдете документарниот филм.