Што вреди добрината
I
Што вреди добрината
Кога добрите веднаш ги убиваат, или ги погубуваат
Оние спрема кои овие се добри?
Што вреди слободата
Кога слободните мораат да живеат меѓу неслободните?
Што вреди разумот
Кога само безумието ја обезбедува толку потребната храна?
II
Наместо само да бидете добри, потрудете се
Да создадете состојба што ја овозможува добрината,
Уште подобро: која ја прави излишна!
Наместо само да бидете слободни, потрудете се
Да создадете состојба која ги ослободува сите.
Па дури и љубовта спрема слободата
Ја прави излишна!
Наместо само да бидете разумни, потрудете се
Да создадете состојба во која безумието
Никому не се исплатува!
– Бертолт Брехт