Од заедничката историја со Бугарија – 105 години од масакрот во Долгаец
На денешен ден 1915 година во селото Долгаец, Бугарските окупатори потпомогнати од домашните предавници го извршија едно од најголемите злосторства врз македонскиот народ во поновата историја. За помалку од 24 часа со бајонети заклаа 410 селани меѓу нив и деца.
…
Најголем дел од нив од Долгаец (195) како и од селата Гостиражни (70), Стровја (60), Костинци (40), Маргари (30) и Богомила (15). Голем дел од нив биле деца, а меѓу нив и бебе од само неколку месеци:
Крсе Младеновски (8 години),
Велика Младеновска (8 години),
Ленка Младеновска (10 години),
Крсте Јандреоски (8 години),
Трајан Јандреоски (3 години),
Магда Трајкоска (5 години),
Ана Јовеска (6 години),
Илија Иваноски (5 години),
Ристе Василески (4 години),
Боце Василески (8 години) и др.
…
,,Попот Трајко ја откопча мантијата велејќи – Удрете ако сакате! Јас пари немам. Господ е со мене! Во тој момент бугарскиот војник му го зари ножот в гради!”
…
,,Крвниците немаа многу време за пребарување, затоа почнаа да ги палат куќите, плевните полни со стогови слава и сено. Скриените луѓе во куќите гореа живи, некои скокаа низ прозорците во пламен како факли”
…
,,Откако ги исклаа сите селани, една девојка, Велика Конеска на 16 години жива ја врзаа за нозе и со главата надолу ја обесија за едно дрво. Бугарите имаа намера да проверат колку време може да остане жива во таква положба.”
…
,,Повторно нова драма на патот до селото Зрзе. Дел од нив искрвавија до смрт. За тие што пристигнаа во Зрзе, немаше соодветни лекови и повеќето умреа. По десетина дена во Долгаец пристигнаа луѓе од соседното село Зрзе да ги закопаат остатоците од телата. Мртвите тела лежеа расфрлани насекаде низ Долгаец. Се ширеше неподнослива смрдеа од лешевите. Разлутените кучиња изгледаа како бесни, јадејќи човечка мрша.” Масовната гробница се наоѓа во близина на селото. Истата е обрасната со трње и е тешко пристапна.
…
Неколку години подоцна подигнат е десетметарски споменик (срушен во 1941 година) на кој пишувало ,,Да беа волци ќе се заситеа, да беа Турци ќе се застрамеа, туку беа хорда клети Бугари!”
…
Речиси два месеци подоцна, бугарската војска масакрирала 103 жители од Поречието кај месноста Дервишна Нива.
…
Иако е најголем геноцид во Првата Светска војна врз цивилно население, по осамостојувањето на Македонија ниту еден државен функционер, ниту една државна институција не оддаде почит, а уште помалку побара извинување од Бугарија за овој ѕверски чин.
…
ДА НЕ СЕ ЗАБОРАВИ. ДА НЕ СЕ ПОВТОРИ.
Од заедничката историја со Бугарија – 105 години од масакрот во Долгаец На денешен ден 1915 година во селото Долгаец,…
Posted by Martin Dimoski on Сабота, 14 ноември 2020