АктуелноИнтернационално

[Видео] Во Венецуела уапсени американски ветерани при обид со брод да влезат во државата

Венецуелската армија зароби осум вооружени платеници за кои се верува дека се поврзани со обидот за пуч поддржан од САД и самопрогласениот претседател Хуан Гуаидо. Се претпоставува дека затворениците преку брод од Колумбија се обиделе да влезат во Венецуела и да извршат пуч,  вклучително и  киднапирање на претседателот Николас Мадуро. Двајца од нив се американски ветерани кои работат за приватната агенција за обезбедување „Силверкорп”, која се поврзува со Доналд Трамп. 

Обидот за влез бил спречен од локалните рибари, при што интервенирала венецуелската војска. Ова е втор обид за инфилтрација во оваа социјалистичка држава во последниве два дена. 

Првиот неуспешен обид се случи во раните утрински часови во неделата, кога вооружени платеници организирани и тренирани во Колумбија, се обидоја преку копно да влезат во Венецуела, опремени со оружје и муниција.Според официјалните изјави на владата, апсењето било реализирано преку локалните разузнавачки единици и соработка меѓу цивилното население и војската. 

Венецуелските власти соопштија дека оваа воена организација има распоредено голем број на вакви мали вооружени групи низ Венецуела, а главна задача им е да извршат атентат врз претседателот Мадуро и да изведат воен преврат и смена на власта во Венецуела. Вашингтон изминатава година неколку пати се закануваше дека воено ќе ја нападне Венецуела со цел да го тргне од власт Николас Мадуро.

Armed Coup Plotting Mercenaries Captured in Venezuela

Video of the captured mercenaries who tried to get into Venezuela by boat to prepare an armed coup against the Venezuelan government but were stopped by socialist fishermen and soldiers. Two of them are reportedly US military veterans working for Silvercorp, a private security firm that is tied to President Trump.

Публикувахте от Redfish в Сряда, 6 май 2020 г.