АктуелноЛокално

Апасиев донираше половина од мартовската плата за девојче преживеано од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани

Претседателот на политичката партија Левица, Димитар Апасиев, денеска на својот профил на „Фејсбук“ објави дека донирал половина од својата мартовска плата за помош на девојче кое преживеало во трагедијата во Кочани.

„Како што јавно ветивме, половина од МАРТОВСКАТА ПЛАТА денес ја донирав на преживеано девојче од пожарот во Кочани. #РеченоСторено“, напиша Апасиев.

Оваа донација доаѓа откако трагичниот настан во Кочани ја потресе јавноста, а многумина упатија апели за поддршка на семејствата настрадани од трагедијата во „Пулс“. Со овој гест, лидерот на Левица се придружи на иницијативите за солидарност со жртвите, а неговата објава предизвика бројни реакции на социјалните мрежи, главно со позитивни коментари за поддршката и личниот пример.

Од партијата Левица информираа дека и другите нивни пратеници ќе донираат, во рамки на партискиот принцип за солидарност.

Негововиот статус во продолжение: