Левица ја поддржа битката на Битолчани против депонијата: Ќе делуваме од позадина
На протестот против изградбата на регионалната депонија кај Битола, партијата Левица го презеде микрофонот од организаторите, по што нивниот советник во Општина Битола, Горан Велевски, изјави дека немаат намера да ја политизираат борбата на граѓаните, туку ќе делуваат „од позадина“.
„Нашата поддршка е искрена. Не сакаме да ја партизираме борбата, туку да ѝ дадеме институционален капацитет“, рече Велевски пред присутните.
Од Левица велат дека нивниот единствен интерес е заштитата на здравјето на граѓаните и зачувување на природната средина.
Протестите продолжуваат, а жителите на битолскиот регион се решителни да не дозволат изградба на депонија во близина на населените места.