АктуелноЛокално

„Соравија“ го губи имотот: Ахмети се соочува со извршителска продажба

Бизнис центарот „Соравиа“, еден од најпривлечните и највредните објекти во центарот на Скопје, сега се наоѓа на работ на губење. По серија неисполнети финансиски обврски, објектот е ставен под извршителска продажба. Причина за ова е долг од речиси 930.000 евра кон бугарската „Прва Инвестициона Банка“, а почетната цена на објектот е поставена на повеќе од 22 милиони евра.

Дрин Ахмети, кој ја презеде сопственоста на бизнис центарот поради долгови и дел од стратешките промени, сега е соочен со фактот дека иако го стекнал имотот, не успеал да ги реши финансиските проблеми кои го оптеретуваат. Вклучувањето на Ахмети во процесот на преземање на објектот само ја поттикна јавната дебата околу неговата улога во трансакцијата и можните политички и економски поврзаности.

Иако Ахмети беше оптимистичен дека ќе ја стабилизира финансиската состојба на „Соравија“, големиот долг што останал кон банката, како и дополнителните обврски, резултирале со продажба на еден од највредните имоти во Скопје.

„Соравија Инвест“ се соочуваше со бројни долгови, не само кон „Прва Инвестициона Банка“, туку и кон други кредитори и институции. Поради блокирани сметки и недоволно транспарентни финансиски потези, процесот на спасување на компанијата и нејзиниот имот не успеа.

Сега, оваа неконтролирана финансиска ситуација води до извршителска продажба која ќе се одржи на 24 април. Со оглед на огромната вредност на објектот, овој случај станува срамна етикета за „Соравија Инвест“ и личностите што ја управуваат компанијата, вклучително и Дрин Ахмети.

Z P

Zvezdanka Pesikj