АктуелноЛокално

Човек чиjа мајка била жртва за време на скандалот во Онкологија огорчен од системот со прозивки за ДПМНЕ

Александар Кочоски чива мајка починала една недела пред избивањето на скандалот со Онкологија огорчен од системот ги прозва ДПМНЕ зошто тогаш ги загушија протестите и сега се обидуваат од петни жили да ги угушат и овие протести за трагедијата во Кочани.

Истрагата за скандалот на Онкологија во обвинителството е завршенa пред еден месец и се уште нема подигнато никакво обвинение.

Неговиот статус ви го претставуваме во целост:

ДПМНЕ за Модуларната болница – власта е крива

ДПМНЕ за Дурмо трагедијата – власта е крива

ДПМНЕ за Онкологија – ги задушија протестите иако беа опозиција. Ден денес случајот е заташкан! Мајка закопав од рак недела дена пред случајот, татко закопав од рак, али ДПМНЕ заедно со СДС го заташка случајот и до ден денес остана неразрешен

ДПМНЕ како власт за убиството на Фросина на партизанска – опозицијата е крива

ДПМНЕ како власт за случајот со 59 изгорени деца во Кочани иако цела трагедија е тесно поврзана со ДПМНЕ, од газда на дискотека, обезбедување, градоначалник, началник – опозицијата е крива

ДПМНЕ е дијагноза!

ОСТАВКА!!!