Темелите на македонската државност се резултат на борбата против крвавиот фашизам

Виолета Аврамоска
Член на ЦК на Левица

Темелите на македонската државност се резултат на борбата на нашиот народ против крвавиот фашизам.Тоа е резултат на херојската народноослободителна борба против фашистичките окупатори во единство и братство со сите други народи на Југославија. Македонската држава почнува да се гради со поведување на крвава борба на македонските комунисти и партизани против германско- бугарските фашистички окупатори. Со раѓањето на вториот Илинден, првото заседание на АСНОМ,беше исполнета вековната борба и стремеж на македонскиот народ за сопствена држава, за сопствен македонски стандардизиран јазик , како и вековната борба на нашите револуционери и дејци од илинденскиот период.

9 Мај 1945 год. конечно беше поразено злото кое надвисна над цела Европа и светот.Беше поразена фашистичка хитлерова Германија и нејзините фашистички сојузници – Бугарија и Италија.Доброто го победи злото.Нашите партизани поведоа борба до конечно ослободување, нежалејќи ги ни своите животи. Но, денес, повторно се соочуваме со неофашизмот, повторно олицетворен во лидерите на глобалниот светски поредок. Денес повторно, како никогаш досега се повампирија вековните пропаганди на нашите соседи, Бугарија и Грција, кои премногу наликуваат на хитлеровиот план за уништување на цели нации.Нивниот шовинизам не е ништо друго, туку повампирен фашизам, насочен кон уништување на македонската нација и македонскиот јазик.

И, секако, овие претензии немаше да бидат толку опасни, ако не најдеа почва на која ќе го посеат фашистичкото семе.За жал, нашите политичари- квислинзи, веќе со децении ја подготвуваа почвата , разединувајќи го македонскиот народ по секаква основа.

Денес, како никогаш досега ,се соочуваме со борбата против фашизмот на ЕУ, која, како најголемо лицемерие, 9 Мај го прославува како нејзин празник, борбата против фашизмот на нашите соседи Бугарија и Грција и најголемата и најтешката борба против нашите квислинзи, политичарите и буржоазијата, кои водени од нагонот да го бранат сопствениот капитал, продадоа се она што е свето за македонскиот народ и македонската нација. И уште без трошка срам, се поистоветуваат со револуционерите и борците за македонската државност.
Време е да се обединиме сите Македонци во одбрана на она за што се бореа нашите предци, за името, јазикот,за нашата држава Република Македонија. Само сплотени како еден ќе успееме да победиме во таа борба и да си го вратиме она што ни го одзедоа, без почитување на нашата волја. Сплотени како еден, да ги победиме глобалистите и нивните фашизоидни идеи и да покажеме дека сме тука, дека нѐ има нас Македонците.Но, не за да им го браниме нивниот капитал, туку нашите сопствени интереси, интересите на работникот, на обичниот човек. Да го сториме тоа со пенкало в раце.

ДА ЖИВЕЕ 9 МАЈ, ДЕНОТ НА ПОБЕДАТА НАД ФАШИЗМОТ!
СМРТ НА ФАШИЗМОТ, СЛОБОДА НА НАРОДОТ!