АктуелноЛокално

Ние сме светски шампиони во префрлање на вината и покажување со прст кон другиот

– Фејсбук статус на Каролина Попоска:
Ние сме светски шампиони во префрлање на вината и покажување со прст кон другиот.
„Оние горе“ потфрлија, врескаат едни. „Оние доле“ се мрзливи, корумпирани, глупави, рикаат другите. Власта покажуваат на бившата власт, бившата власт покажува на сегашната, и секој – навистина секој – наоѓа некој друг што е повиновен од него самиот.
Какво бедно шоу! Додека се валкаме во оваа фарса на префрлање на вината, грдата вистина останува во мракот:
Сите ние сме архитектите на оваа трагедија што ја нарекуваме корупција. Да, ТИ!
Ти, кој си затворил око кога „мала услуга“ се заменила за „мало благодарам“. Ти, кој си молчел наместо да ја отвориш устата, оти „тоа ништо не носи“. Ти, кој си се криел зад „така е тоа“ како рамнодушноста да е доблест. И да, и ти, кој активно си учествувал – било преку поткуп, врски или злоупотреба на твојата моќ.
Престани да се преправаш дека си невин! Сите ние го храниме овој систем, го поддржувавме и го одржувавме во живот – преку нашите постапки или преку нашето недејствување. Доста е! Заврши со кукавичкото покажување на другите!
Време е да го свртиш прстот кон себе – и тоа искрено. Запрашај се: „Што направив јас за да го поддржам овој систем? Како профитирав од оваа корупција? И зошто не презедов ништо за да ја запрам?“ Нема повеќе изговори, нема оправдувања, нема „па сите го прават тоа“!
Промената не започнува кај „другите“ – таа започнува кај ТЕБЕ, кај МЕНЕ, кај сите нас.
Ние не сме само жртви на овој систем – ние сме негови соучесници!