АктуелноЛокално

Смилев прашува: Што крие Општина Велес на чело со Марко Колев за да не даваат информации од јавен карактер за тоа кој стопанисува со колекторот на езеро Младост?

Пред една година побарав информација од јавен карактер. Општина Велес и нејзиниот шеф Марко Колев и после една година се уште не дадоа одговор на прашањето вредно милион долари!?

Кој стопанисува со малиот колектор за третман на отпадните води на езеро Младост?

Ова е една од неколкуте причини за еколошката хаварија на езерото Младост од која треба да се лоцира одговорност!

На Општина. Велес и се заканува драконска парична казна откако по службена должност одговор побара и Агенција за заштита на право на слободен пристап до информации од јавен карактер.

Се разбира, одговор сеуште нема, напиша на Фејсбук советникот на Левица од Општина Велес, Игор Смилев.