Пратениците на Левица ја победија власта – Надзорната расправа за аерозагадувањето се одржа и покрај обидите за нејзина саботажа
Народниот пратеник Борислав Крмов на Фејсбук напиша:
И покрај сите гнасни обиди на силеџиите од ДПМНЕ да ја саботираат Надзорната расправа за ефектите од загадениот воздух, ТАА СЕПАК СЕ ОДРЖУВА!
Сите прашања кои три децении се буткаат под тепих за некои да се богатат на нашата болест ќе ги отвориме.
Додека пак народниот пратеник Реџеп Исмаил на Фејсбук напиша дека Власта заедно со директорот на еден од најголемите загадувачи на Скопје Цементарница „УСЈЕ“ ја бојкотираа надзорната расправа и покрај тоа што сите биле уредно поканети.
Денеска, на Надзорната комисија во Собранието на тема загаден воздух, која Власта ја бојкотираше, уредно беше поканет и одговорниот на УСЈЕ, ама не дојде, и тој заедно со Власта на ВМРО ДПМНЕ реши да ја бојкотира….