АктуелноЛокално

Здравевски до Сергеј Попов: Избра да молчиш кога требаше да се бориш за правда

Денес во Собранието видовме срамна слика: само 5 пратеници собраа храброст да гласаат за кривична одговорност на судиите кои штитат криминалци. А што направи Сергеј Попов? Ништо! Не гласаше, не се спротивстави на корумпираните судии, не зазеде став!

Наместо да се бориш за правда, избра да молчиш и да го заштитиш корумпираниот судски систем кој и тебе те спаси од затвор!

Ова е доказ дека твоето каење е само евтин обид за перење на образот!

Сергеј Попов, минатото не можеш да го смениш – ама денес покажа дека и иднината сакаш да остане иста, гласи објавата на претседателот на Црвена Младина до Сергеј Попов пратеник и претседател на УМС – ДПМНЕ