АктуелноЛокално

Директорот на Културно информативен центар – Скопје оствари средба со Претседателот на Филозофското друштво на Македонија

Директорот на Културно информативен центар – Скопје Антонио Димитров, вчера, оствари средба со Претседателот на Филозофското друштво на Македонија Љупчо Митковски, на која беше потпишан меморандум за соработка. Меморандумот се однесува на остварување на заедничките интереси во сферата на културното делување и развој и промоција на културните, филозофските и академските вредности во Македонија.

Оваа соработка ќе се заложи и за поттикнување на филозофската рефлексија и размисла за уметноста, со посебен акцент на едуцирање на младата публика; приближување до најшироката јавност на културните и филозофските достигнувања; збогатување на културата и квалитетот на животот во Република Македонија.

Културно информативен центар – Скопје и Филозофското друштво на Македонија, заедничките цели ќе ги остваруваат и преку соработка во организацијата на настани (промоции, проекции, трибини, предавања…) и проекти коишто непосредно ги поврзуваат филозофијата и културата.