Мециновиќ: Кога ќе ја ослободите вие и вашите скапани идеологии тогаш ќе си цртате ваши грбови
NO PASARAN! Кога ќе ја ослободите вие и вашите скапани идеологии, тогаш ќе си цртате и ваши грбови.
Штом ви пречат симболите на македонската државност и антифашизмот, кои ви се идеалите багро владина? Се собрале обожавателите на идеите против партизаните. Себемразци и орди анти-комунистички зборуваат за промена на грбот. Па, дали да бил лав, дали рис…
За да го туркаш ова, не може само да си индиферентен. Во тој случај, досега би развил некоја поврзаност со сегашниот грб. Потребно е да мразиш сѐ што претставува АСНОМ. Потребно е да ја презираш разврската од војната и извојуваната слобода. Да ти се гади од НОБ и од современата македонска држава, воопшто.
Доста беше! Го тргнаа АСНОМ од Уставот, дозволија фашистички клубови низ државата, ги бришат имињата на учесниците во НОБ за конечно и да го избришат државниот грб, напиша народниот пратеник Амар Мециновиќ на Фејсбук.