Мак Здравство: Два смртни случаи на Детската клиника овој месец поради политички злоупотреби
Шокантен развој на настаните: Два смртни случаи на Детската Клиника!
Со голема тага и загриженост, информираме дека во текот на овој месец, две деца го изгубија животот на Детската Клиника за период од само десет дена, а овој трагичен настан не беше покриен од ниту еден медиум или портал. Само неколку дена пред тоа, Клиниката за деца доби кривична пријава од Државниот здравствен инспекторат за неплатена казна, што укажува на понатамошниот неуспех на менаџментот на оваа институција.
Транспарентноста и одговорноста се изгубени во оваа Клиника, која секојдневно се соочува со сериозни проблеми. Овој неуспех е директна последица на политичките постапки на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата “Вреди”, кои со нивните политички договори го оштетија здравствениот систем!
Транспарентноста и одговорноста исчезнаа од ова Клиника, а секој ден таа се уништува. Овој неуспех е резултат на постапки на ВМРО-ДПМНЕ и Калиција ВРЕДИ, кои со нивните политички договори го оштетија здравствениот систем.
Иако постојано информиравме дека
Детска Клиника се злоупотребува и е во опасност, таа и понатаму не се води со професионализам и транспарентност. За само шест месеци, директорот Реџeп Мемеди постави рекорд како неуспешен директор, претворајќи ја Детска Клиника како во своја приватна Фирма и ангажирајќи го својот братучед како консултант, кој беше обвинет за кражба и злуботреба во клиниката од 5000€.
Покрај бројните скандали, како фалсификување на документи и максимална злоупотреба на Клиниката, сега оваа клиника треба да плати казна од 29.500€ заради лошото менаџирање од страна на Реџеп Мемеди. Ова е неуспех без преседан во историјата на здравството во Македонија.
Најлошо од сè е што, и покрај сите овие скандали, ВМРО-ДПМНЕ и министерот Арбен Таравари молчат и не преземаат никакви мерки за да го стопираат овој “Криминален Клан” кој продолжува да злоупотребува Детската Клиника за свои лични интереси.
Со голема тага ја споделуваме оваа загриженост со вас и бараме веднаш да се преземат мерки за да се заштити оваа институција и да се обезбеди квалитетно, транспарентно и одговорно здравство, објавија од Мак здравство на Фејсбук.