АктуелноЛокално

Петар Ристески од ДПМНЕ со пцовки за пратениците кои побараа ограничување на патните трошоци

Денес пратениците од Левица побараа на дневен ред да се најде законот за ограничување на патните трошоци на пратениците. Партиите од власта сложно го одбија овој предлог и покрај тоа што јавноста со денови бранува на оваа тема. Над 7 милиони евра се наплатени по оваа ставка од 2010 година наваму, но за решение на партиите од власта не им се брза.

При излагањето на говорница, во Пленарната сала, пратениците од ДПМНЕ останаа тивки, што не е карактеристично за нив, особено додека говорат пратениците од Левица. Ова го правеле веројатно со цел да избегнат дискусија и меѓусебно соочување на говорница, додека во меѓувреме при разминувањето со пратениците од Левица, тивко ги пцуеле со цел да предизвикаат инцидент. Пратеникот Петар Ристевски, којшто е еден од рекордерите по наплата врз основа на оваа ставка, бил еден од најистакнатите.

„Пратеникот и рекордер за патни трошоци Петар Ристески од Прилеп денес во Собрание дофрлаше пцовки додека седев сама (ничим изазван) – изгледа нервозен од Законот за патни трошоци“ – напиша пратеничката Мојсоска на социјалните мрежи.

Потсетуваме, пратениците на ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ не дозволија законот за патни трошоци ниту да дојде на дневен ред.