Божидар Божиновски – Од силен противник на патните трошоци до тивок поддржувач на истите
Користењето сарказам и исмејувањето на политичарите е одлична алатка којашто може да донесе моментална популарност на социјалните мрежи, но не ретко овие „глумци“ престануваат да ги бранат ставовите за кои претходно јавно се залагале. Таков е примерот со Божидар Божиновски, познат на социјалните мрежи и под псевдонимот Моџо Килингтон, којшто изминативе години беше силен противник на патните трошоци наплатени од народните избраници.
Имено, според споделеното на социјалните мрежи, од 2010 година до денес, над седум милиони евра спечалиле пратениците само од наплата на патни трошоци. Оваа пракса била на удар на критика на познатиото фејсбукџија Божидар Божиновски, сите изминати години. Но оваа пракса, се промени годинава, откако тој се најде на пратеничката листа на ЗНАМ и стана активист и поддржувач на оваа партија.
Од партијата ЗНАМ излегоа со соопштение дека тие нема да го поддржат Законот за скратување на патните трошоци на пратениците предложен од Левица. Нивното образложение е дека законот бил популистички.
Од ЗНАМ велат дека нивните пратеници не наплаќале патни трошоци. Официјалната статистика покажува дека заменик претседателката на Собранието од нивните редови – Весна Бендевска за време на својата пратеничка кариера наплатила неверојатни 5.258.929 денари или сума поголема од 85 илјади евра. Овој податок ја става пратеничката во топ 20 пратеници кои најмногу наплатиле за патни трошоци од 2010 година наваму. Во овој мандат патни трошоци од партијата на ЗНАМ наплатил и пратеникот од Куманово Даниел Стојчевски.
Во овие осум месеци Влада, владејачката коалиција составена од ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ е апсолутен рекордер по висината на наплатени патни трошоци. Но, став од Божидар Божиновски којшто изминатите години ревносно ги критикуваше пратениците по ова прашање, во јавноста целосно изостанува.
Претпоставка е дека партиската припадност и коалицирањето со ДПМНЕ е главна причина зошто изостанува ставот на Божидар Божиновски за наплатата на патни трошоци. Ако се тргне од максимата дека „премолчувањето на лошите политики е соучество“ тогаш не е тешко да се заклучи тивкото поддржување на коалициската линија за наплаќање иљадници евра на месечно ниво за патни трошоци.
Во прилог ви ги пренесуваме неговите ставови од изминативе години:
![](https://antropol.mk/wp-content/uploads/2025/02/bozo.jpg)
![](https://antropol.mk/wp-content/uploads/2025/02/bozo1.jpg)
![](https://antropol.mk/wp-content/uploads/2025/02/bozo2.jpg)
![](https://antropol.mk/wp-content/uploads/2025/02/bozo3.jpg)
![](https://antropol.mk/wp-content/uploads/2025/02/bozo4.jpg)
![](https://antropol.mk/wp-content/uploads/2025/02/bozo5.jpg)
![](https://antropol.mk/wp-content/uploads/2025/02/bozo6.jpg)
![](https://antropol.mk/wp-content/uploads/2025/02/bozo7.jpg)
![](https://antropol.mk/wp-content/uploads/2025/02/bozo8.jpg)
![](https://antropol.mk/wp-content/uploads/2025/02/bozo9.jpg)
![](https://antropol.mk/wp-content/uploads/2025/02/bozo10.jpg)
![](https://antropol.mk/wp-content/uploads/2025/02/bozo11.jpg)
![](https://antropol.mk/wp-content/uploads/2025/02/bozo12.jpg)
![](https://antropol.mk/wp-content/uploads/2025/02/bozo13.jpg)