Сашо Тасевски: „…во ‘мрачната’, ‘сиромашна’, ‘назадна’ Југославија имаше еден квиз по име Квискотека…“

Date:

Кога бев копиљ, во мрачната, сиромашна, назадна, комуњарска Југославија, имаше еден квиз по име Квискотека. На него можеа да се пријават на приемен 20 милиони југословени. Кремот од најначитаните југословени, влегуваа во борба на знаење. Тоа беше медиумска атракција во четврток навечер. Гледаност до плафон. Не се опишува. Еј за квиз зборувам каде се бараше енциклопедиско знаење, не за Задруга, силиконите и глупоќата на вашите денешни почитувани инфлуенсерки алијас кол герли. Паметам, цела фамилија сме го гледале со баби и дедовци. Сите играа, помагаа, дофрлаа пред телевизорите. Деца, после школо сме оделе во подрум ако е зима, се местеше сценографија, се составуваа прашања за да играме Квискотека. Многу работи од општа култура кои денес не ги знаат ни дипломци ни министри, ние ги знаевме во четврто, пето, шесто одделение… А немаше интернет, ај поди, ај фони… Ај нек се гони. Значи ни интернетот не знаат како да го користат. Поточно, го користат погрешно. Професорот физичар Ане Тунтев, тогаш дечко, немаше 30 години, беше првиот и единствениот Македонец кој победи во Квискотека. Му симнувале капа на улица по победата. Покажал знаење. Тоа е оној што победи на Квискотека. Го препознаваа по знаењето, не по силиконите и кремите што ги ги рекламира некоја умислена спонзоруша.


Затоа се сеќаваме на тоа не така дамнешно време, зашто сега и овде ја испоганија секоја вредност што тогаш се ценеше. Ете знаењето. Не можеше фукара без грам школо да биде министер и да пука по свадби. Не смееше да помисли да се стекне со лажна диплома. Одиш во затвор. Затвор. Крај. 


И ќе зборувате за еволуција и 21 век. Што сме имале тогаш? Што имате сега? Ај фони, ај поди, електрични тротинети. Бај д веј, отстрана изгледате многу глупо качени на нив. Впрочем изгледате глупо и кога не сте на нив. Значи е до вас.

фејсбук статус на Сашо Тасевски

Share post:

Subscribe

spot_imgspot_img

Popular

More like this
Related

Мизар – Звукот на историјата ќе продолжи да резонира во 2025

Интервју со Пеце Китаноски, басист на легендарниот македонски рок...

Ацо Шопов – Еден век поетска величина

Денес се одбележуваат 101 година од раѓањето на Ацо...

Левица: Со 58 пратеника ДПМНЕ клекна пред ВРЕДИ и ДУИ и го повлече Законот за интонирање на химната

Откако ДПМНЕ со фанфари најавуваше интонирање на македонската химна...