АктуелноЛокално

(Видео) Левица: Сергеј Попов од ДПМНЕ возел пијан и удрил жена – место во затвор стана пратеник

Претседателот на УМС и пратеник од редовите ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија, Сергеј Попов, во 2014 година, бил фатен пијан зад воланот, со 1,43 грам промили алкохол во крвта, без дозвола за возење и притоа предизвикал тешка сообраќајна несреќа, повредувајќи невина жена.

Доказ за ова е Пресудата за обвинетиот Сергеј Попов што ја приложуваме пред јавноста.

Наспроти сето тоа, лицемерниот Сергеј Попов (кој е син на актуелниот претседател на МАНУ) деновиве јавно повикува на протести против убијците и возачите кои удираат, повредуваат или убиваат пешаци, а и самиот е виновен за вакво кривично дело.

И покрај тоа што неговите сопартијци во ДПМНЕ сакаат да го претстават како борец за правда, јавноста добро знае да процени дека не може некој како татиниот син Сергеј, што е осуден за несовесно возење без положен возачки испит, за возење под дејство на алкохол и за предизвикување сообраќајна несреќа, да зборува за правда и системски реформи.

Како може Попов да се дрзне да зборува за “системот кој убива”? Сергеј Попов, кој ги загрозува животите на другите, сега го користи своето криминално досие како платформа за нова политичка кариера. Тоа што повикува на протести е само обид да го прикрие од очите на јавноста своето криминално минато, користејќи ги трагедиите на другите луѓе за свој личен интерес.

Поради сето ова, Левица бара од Сергеј Попов да си даде неотповиклива оставка од функцијата пратеник и оставка од функцијата претседател на вмровската УМС.

Присуство на Сергеј Попов во политиката е директна навреда и деградација за сите млади кои се борат за вистинска правда и правна држава, без манипулации и без криминално минато