Симонов: Наместо власта да ја крати инфлацијата, таа одбра да ја крати синдикалната кошница
Премиерот вика, (парафразирам): не е проблем што се е поскапено и за истите пари денес купувате за 25% помалку производи за последниве година дена. Проблем е како вие си ја пресметувате минималната кошница и што постојано сте незадоволни. – И сега, наместо да ја решава инфлацијата (за која претходно спроведе две мерки [кошнички] од кои немаше никаков резултат) туку го решава пресметувањето на минималната кошничка. Каков лик!
И покрај оваа замена на теза, види како перфидно се движи безобразлукот. Власта, што по дефиниција има задача да обезбеди некаков минимум за достоинствен живот на широките народни маси (читај работниците), избира да глуми некаква „медијатор“ и остава тие да се договорат со работодавачите, а нели додека не се договорат, останува статус кво, кое погоди кому му одговара? – Битно се отстранува од одговорност, и глумиме, еве сме, тука сме, бараме решенија.
Ако некому не му е јасно, како државата (читај Владата) се изема да ја заштити послабата страна, која евидентно е ранлива иако е далеку побројна, погледнете ги говорите, ставовите и белешките на пратениците од Левица, кога со помош на гласови од ДУИ, ВМРО и небитните коалициски партнери, изгласаа реорганизација на Министерствата, во кое од Министерството за труд и социјална политика, го иземаа ТРУДОТ и го ПОТЧИНИЈА на ЕКОНОМИЈА, напиша Александар Симонов на Фејсбук.